Бошко Ѓуровски е минато на селекторската позиција кај македонската фудбалска репрезентација, а останува само и официјално Управниот Одбор на фудбалската федерација на Македонија да ја соопшти одлуката на денешниот состанок.
По последниот пораз од Белорусија со 1-2 во квалификациите за ЕП 2016 и незадоволството од резултатите во циклусот што е во тек, извесно е дека УО на ФФМ ќе изгласа недоверба за актуелниот македонски селектор. Неофицијално договорено е меѓу двете страни, отказот за Бошко Ѓуровски да ја чини ФФМ исплата на три месечни плати во висина од 21 илјади евра како отштетата за предвременото раскинување на договорот.
Претходно, оставка си поднесе менаџерот на А репрезентацијата Илија Најдоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.