| четврток, 6 декември 2018 |

Како ДБК ја рушеше владата на ВМРО-ДПМНЕ

ТВ Сител пренесе тест од неделникот Фокус од 2005 година напишан од актуелната уредничка на неделникот Јадранка Костова кој што се однесува на аферата со прислушување „Големото уво“ , насловен „Како ДБК ја рушеше владата на ВМРО-ДПМНЕ“

Како ДБК работеше на уривање на Љубчо и неговата влада, пренесе ТВ Сител, повикувајќи се на текст од 2005 година во неделникот Фокус. Ова е насловот на текст објавен во Фокус во ноември 2005 година, а во кој е пренесена сензационална исповест на еден соработник на ДБК. Идентитетот на инсајдерот во текстот не е откриен, но и е познат на редакцијата и на авторот на текстот во Фокус, во случајот тоа е Јадранка Костова, денешниот главен уредник на истиот неделник.

Приказната што пред нецели 10 години ја раскажува Фокус во многу коинцидира со денешните настани. Целта е иста, а и актерите најверојатно се истите од тоа време. Главната поента на текстот е разоткривање на тајните сценарија на СДСМ за рушење на тогашната влада на Георгиевски преку креирање афери, шпекулативни информации и организирано прислушување. Или како што Костова заклучува во текстот, „проблемот во нашава приказна е што излегува дека ДБК работела за интереси на една партија“. Дејствието има елементи на заплет особено што партијата е во опозиција.

Инсајдерот или соработникот на ДКБ, чија исповест ја пренесува Фокус во текстот е именуван како ХХХ, а неговиот наредбодавател со ХХ.

fokusПокрај многуте креирани сценарија за кои инсајдерот зборува во текстот, главниот удар на тогашната влада требало да и се зададе со искреирано прислушување. Тоа е аферата Големото Уво, обелоденета 2001 година од тогашниот лидер на опозицијата.

fokus 1-Иако немав ама баш никакво учество во тој мега скандал, сепак му го знаев потеклото.  Браво ХХ, Браво. Добро сторена работа од страна на Кртовите на СДСМ. Аферата со прислушувањето беше објавена некаде на пладне, а попладне околу 18 часот, кога најмалку очекував, ми се јави ХХ со сериозна наредба, обраќајќи ми се со псевдонимот ХХХ, веднаш доаѓај. Слушај ме внимателно, рече ХХ, она што ќе ми треба од тебе уште вечерва е да најдеш било кој од вмровците и да им пренесеш нешто што веруваме дека барем на кратко ќе ја одвлече аферата за прислушивање во погрешен правец, со што можеби ќе успееме да ги заштитиме нашите луѓе во „службата“- раскажува изворот за Фокус.

Соговорникот на Фокус во текстот споменува и некое лице кое го дефинира како „монструм во електрониката“, кое му презентирало прислушувани разговори од значајни лучности во државата, тврдејќи дека во секој момент може да ги обезбеди.

Она што е интересно е што Костова во текстот од 2005 заклучува дека и покрај промената на власта во 1998 година, структурите на ДБК работеле за старите газди. Попрецизно, не биле ниту свесни дека ги ораат како бавча.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top