| четврток, 6 декември 2018 |

Генералниот директор на „Туркиш ерлајнс“ поднесе оставка

Генералниот директор на турската национална авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“, Хамди Топчу, поднесе оставка на функцијата за да може да се кандидира за пратеник на претстојните парламентарни избори во Турција, ко се закажани за 7 јуни.

Како што јавија турските медиуми, на својот профил на „Твитер“, Топчу објави дека поднесува оставка и дека веќе нема да биде дел од раководството на „Туркиш ерлајнс“.

За нов директор на „Туркиш ерлајнс“ е именуван членот на Извршниот одбор на компанијата Илкер Ајџи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top