„Ничие дете“, дебитантски игран филм на сценаристот и режисер Вук Ршумовиќ, во продукција на Миша Могоровиќ, ќе се прикажува во кината во Македонија од 9 април.
Филмот се базира на чудесната и вистинита приказна за дивото момче (во филмот го игра Денис Муриќ) кого во средината на осумдесеттите години од минатиот век ловци го пронашле меѓу волци во шума на планините во Босна и Херцеговина, по што е пратено во Белград во дом за деца без родители за да се социјализира. Наспроти очекувањата, момчето, кое го добива името Харис Пучурица, почнува забрзано да се развива и склопува пријателства.
Во филмот играат децата Денис Муриќ, Павле Чемерикиќ, Исидора Јанковиќ и актерите Милош Тимотијевиќ, Тихомир Станиќ, Борка Томовиќ, Горан Шушљиќ, Зинаида Дедакин, Бранка Шелиќ, Михаило Лаптошевиќ, Драгиња Воганјац, Марија Опсеница, Љуба Тодоровиќ и Бора Нениќ.
Директор на фотографија е Дамјан Радовановиќ кому ова исто така му е прв игран филм. Остатокот од авторската екипа го сочинуваат: Јелена Шопиќ, сценограф; Маја Мирковиќ, костимограф; Мирко Бојовиќ, монтажер; Јура Ферина и Павао Михољевиќ; композитори.
Филмот „Ничие дете“ на неодамна завршениот ФЕСТ во Белград освои дури четири награди, меѓу кои за најдобар филм во националната селекција, а Денис Муриќ освои награда за најдобар домашен актер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура



