| четврток, 6 декември 2018 |

Петта колеџ титула за Дјук и за Кжижевски

Мајк Кжижевски и Дјук славеа голема победа за петта титула во финалето на универзитското првенство во кошарка во САД, а голобрадите момчиња беа подобри од поискусните ривали од Висконсин.

Во стартната петорка на Дјук имаше само еден сениор, или студент во завршната година на Универзитетот, но тоа не ги спречи да се крунисаат во нови шампиони во НЦАА.

Тајс Џонс со 23 поени го предводеше Дјук до голем триумф од 68-63 и ја заслужи наградата најкорисен играч во финалето (МВП). На спротивната страна Франк Камински прокнижи 21 поен.

Кжижевски има 5 трофеи со Дјук и е на делба на втората позиција како најтрофеен тренер во НЦАА лигата зад Џон Вуден со 10 шампионски прстени. Интересно е што некогашниот селектор на САД има биланс од 4-0, односно 4 победи без пораз кога финалето се игра во Индијанаполис.

Висконсин нема титула од 1941 година.

NCAA Duke Wisconsin Final Four Basketball

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top