| четврток, 6 декември 2018 |

Путин: Политиката не може да ја промени историјата

путинРускиот претседател Владимир Путин рече дека е невозможно да се промени историјата и да се прилагоди на моменталната политичка ситуација.

– Нема да успее оној кој настојува да ја измени историјата поради сегашната политичка ситуација, па колку и  да се трудат, вклучувајќи и такви методи како што е величење на нацизмот. Невозможно е да се промени историјата поради политичката ситуација. Но, секако, извесна штета може да биде направена со таква акција. Најголема опасност е да почне да расте чувството на страв поради екстремното изразување и неговиот најлош облик – нацизмот, изјави Путин.

Путин истакна дека најдобар начин да се сочува историјата е да се разговара со ветераните, да се сослушаат нивните приказни и да се погледнат докази за тоа што навистина се случило во Втората светска војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top