| четврток, 6 декември 2018 |

Во Љубљана ќе се гради Исламски културен центар

љубљана

Во Љубљана во текот на месецот ќе почне да се гради Исламски културен центар, за кој идејата е покрената уште во 1969 години.

Исламски културен центар ќе биде во централниот дел ан Љубљана на површина од околу 13.000 метри квадратни. Во комплексот ќе има џамија, образовен центар, станбен простор, спортска сала, ресторан и други објекти.

– На Љубљана и е потребен таков Центар со оглед на големиот број муслимани кој се зголемува – изјави секретарот на Исламската заедница во Словенија, Невзед Пориќ во Сараево.

Тој наведе дека според пописот од 2002 година во Словенија живеат околу 50.000 муслимани, но според податоците на словенечката Исламска заедница во државата има речиси двојно повеќе, од кои 40 проценти живеат во Љубљана.

– Тоа ќе биде прв исламски центар, но втора џамија во Словенија, со оглед дека првата ја изградиле бошњачките војници во Првата светска војна, но по војната е урната – посочи Пориќ.

Тој додаде дека изградбата нма центарот би чинела околу 35 милиони евра, а досега биле потрошени осум милиони евра за купување на плац и на дозволи.

– Изградбата на Исламски културен центар е доказ за заедништвото и почитувањето на различностите – наведе градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top