| четврток, 6 декември 2018 |

„Пацифик Констракшн Груп“ заинтересирана за соработка во повеќе проекти и сфери

kinez2

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска оствари средба со сопственикот на „Пацифик Констракшн Груп“, Јан Жи, кој важи за еден од најбогатите бизнисмени од НР Кина.

Јан Жи ја предводи најголемата кинеска компанија од градежниот сектор „Пацифик Констракшн Груп“ која според Форбс спаѓа во 500-те најголеми глобални компании во светот, односно 166 место на оваа листа со годишен приход од 60 милијарди долари.

За време на средбата, соопшти денеска владиниот Сектор за односи со јавноста, Јан Жи се интересирал за условите за инвестирање и поволностите кои се нудат од страна на македонската Влада, особено во областа на градежништвото и инфраструктурните проекти.

kinez3

За време на средбата, премиерот Груевски го информирал за напредокот во градење на успешна бизнис клима, како и поволностите кои им стојат на располагање на приватните интеститори.

Премиерот Груевски истакнал дека Македонија е земја која нуди најниски трошоци за правење бизнис во Европа, има најнизок даночен пакет, квалитетна и компетитивна работна сила, спроведува низа реформи и создава добра бизнис клима.

Премиерот Груевски потенцирал дека државата инвестира во отворени слободни економски зони каде што секој инвеститор во првите 10 години е ослободен од плаќање на данок на добивка и персонален данок, а направен е значителен напредок и во областа на Централниот регистар и намалување на процедурите преку  спроведување на проектот Регулаторна гилотина со кој беа поедноставени или скратени илјадници процедури, а исто така со цел надминување на хендикепот на мал пазар државата склучи договори за слободна трговија со сите земји од Европа, и сега кога компаниите доаѓаат да произведуваат, може да произведуваат и извезуваат за 660 милионски пазар.

Сопственикот на „Пацифик Констракшн Груп“ Јан Жи позитивно ги оценил напорите на Владата за привлекување на инвестиции кои се значаен сегмент во развојот на економијата и трговската размена, при што посочи дека Република Македонија има постигнато значителен напредок. Тој изразил оптимизам  за продолжување на комуникацијата со македонската Влада  за разгледување на можностите за соработката во повеќе проекти и сфери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top