Германскиот репрезентативец Сами Кедира ова лето се очекува да го напушти Реал Мадрид, неговиот договор истекува на крајот од сезоната, но се чини дека нема да биде продолжен. За него се заинтересирани неколку големи клубови од Европа, а најблиску до неговиот потпис е Шалке, кој веќе ги почна преговорите.
Во преговорите за играчот од средината на теренот се вклучи и англискиот гигант Манчестер јунајтед, чијшто менаџер, Луис ван Гал, посакува да го види во своите редови.
За да го убеди да прејде во Манчестер, управата на клубот подготвува понуда која тешко дека некој фудбалер може да ја одбие. Сумата е огромна и изнесува неверојатни 270 илјади евра неделна плата, а во прилог оди фактот дека за да го доведе во своите редови, Манчестер јунајтед нема да плати ниту евро како отштета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Мурињо го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)


