Брилијантни ролји зачинети со трипл-дабл одиграа Леброн Џејмс и Расел Вестбрук во НБА-лигата, а извонредно одигра и Џејмс Харден со 41 поен за победа на Хјустон против Оклахома. Токму тој меч беше највозбудлив и заврши со триумф на ракетите од 115-112. Гледачите во Оклахома следеа шутерско шоу на олстар-ѕвездите Вестбрук и Харден, за жал на домаќините со поволен исход за Хјустон. Вестбрук одново беше импресивен со нов трипл-дабл, 11. сезонава, а овојпат постигна 40 поени, со 13 асистенции и 11 скока. Харден постигна поен повеќе, комбинирано со по 6 скока и асистенции. Поранешниот играч на Оклахома се радуваше на слатка победа против тимот, што го прогласи за прекуброен и му дозволи да замине во Хјустон.
Двоцифрен ефект во три категории имаше и Леброн Џејмс за Кливленд во дуелот со Чикаго. Кавалирс победија со 99-94, а Леброн одигра одлично со 20 поени, 12 асистенции и 10 скока. За шоу се погрижија Кајри Ирвинг со тројка од половина терен и Џеј Ар Смит со три поени од невозможна ситуација, надвор од баланс и речиси излезен во аут. Ирвинг беше најефикасен со 27 поени, а Смит забележи 24, колку и најефикасниот кошаркар на Чикаго,
Рундата ја одбележи враќањето на Пол Џорџ за Индијана по речиси 8 месеци пауза. Џорџ се врати навреме за да им помогне на Пејсерс да обебзедат учество во плејофот. Во битката за осмата позиција во Источната конференција, Индијана убедливо со 112-89 го победи Мајами хит.
Рекорд, но неславен прокнижија Лос Анџелес лејкерс со 56. пораз во иста сезона, што е најмногу во историјата не еден од најтрофејните клубови во НБА-лигата. Судбината сакаше рекордот да биде запишан против лутиот ривал Лос Анџелес клиперс, и тоа со огромни 28 разлика. Клиперс слаева со 106-78.
Резултати:Оклахома – Хјустон 112-115, Кливленд – Чикаго 99-94, Индијана – Мајами 112-89, Сан Антонио – Голден стејт 107-92, Њујорк – Филаделфија 101-91, Сакраменто – Јута 95-101, ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 78-106.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.