Не постои статистика колку студенти кај нас се дел од секс-индустријата додека се на студии, но не е тајна дека ги има, вели Борче Божинов од невладината организација „Стар-стар“ од Скопје, која се занимава со правата на сексуалните работници во земјава, пишува „Дневник“.
Божинов вели дека во нивната организација многу ретко доаѓаат студентки оти за нив сексуалната работа е само период во животот.
– Многу од сексуалните работнички им се лутат на студентките што даваат сексуални услуги за пари оти наплаќаат симболични суми. Дури имаше еден период кога сексуалните работнички сакаа и физички да се пресметаат со студентките. Нашите студентки продаваат секс за да имаат основни егзистенцијални услови, по студиите тие или се мажат или се враќаат дома – вели Божинов за „Дневник“.
Вистински приказни за студенти што се занимаваат со проституција знаат речиси сите кои се сместени во студентските домови во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.