| четврток, 6 декември 2018 |

Загина таксист, четворица се повредени по тежок судир со џип

za-top-soobracajka-3

Фото: Архива

Четириесет и шестгодишниот таксист Ванчо А. го загуби животот, а четворица патници, меѓу кои и една бремена жена, се повредени во тешката сообраќајна несреќа што 25 минути по полноќ се случила на мостот „Гоце Делчев“ во Штип.

До несреќата дошло при судир на џип „БМВ икс 5“ со штипски регистарски таблички, со кој управувал 21-годишниот О.П., државјанин на Турција, и такси-возило марка „фолсваген венто“.

Брзата помош констатирала смрт на таксистот на самото место, додека четворицата патници на возраст од 25 до 29 години се пренесени во болница, каде што им се констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата ги утврдува причините за несреќата.

Од СВР Штип информираат дека денеска се случила уште една сообраќајна несреќа на истата улица, во близина на угостителскиот објект „Мал објект“.

Полициските екипи се на терен и вршат увид со кој ќе се утврда причините за несреќата. Детали се најавени за подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top