| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: СДСМ не можат ни оро да водат, а не па држава

SDSM 18ti kongres 06 (Custom)

СДСМ не може ни оро да одат, ниту пак држава. Па кој сакате по вакви крупни гафови да ги сфати сериозно и да соработува со нив – изјави Никола Груевски, претседаелот на ВМРО ДПМНЕ на вчеррашниот собир во Тетово.

– Со секој изминат ден, Заев ја потврдува оправданоста на прашањето – па добро дали е нормален овој човек – смета премиерот на Македонија и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој посочи тека лидерот на СДСМ, Зоран Заев во изминатите недела дена направи две работи:

1. Ја обвини кинеската држава, значи Народна Република Кина, дека преку нивната ДРЖАВНА компанија со која градат проекти на балканот но и секаде низ светот кои чинат тешки милијарди, …е токму нив, ги обвини дека влегле во коруптивна зделка со македонската влада. Значи ај нас што не плука и што му дозволуваме овде на неговите комплекси и фрустрации да ни се качува на глава, туку сега и кинезите се виновни, па ги загрозува односите со една од најголемите светски сили и постојани членки на советот за безбедност, која не има признаено под нашето уставно име и со која нашата држава има беспрекорни, пријателски, одлични односи, и многу заеднички локални и регионални проекти.

2. Овој генијалецов од опозицијата, мртов ладен, направи втора огромна грешка, имено, кинезите очигледно не му беа доволни, туку сакаше и нешто повеќе, па ја обвини Државата Израел дека преку нивното министерство за одбрана влегла во коруптивни активности со македонската влада. Замислете каков тип. Не е ни чудо што веќе станавме предмет на потсмев како држава, со овие глупости што ги прави овој човек.

3. Значи, за да биде јасно, во првиот случај со народна република кина, се работи за договори за најголемите проекти кои ги правиме заедно со нив, автопатите за процес на преговарање кој  процес ни овозможи да имаме меѓу најниските цени на чинење на автопат во Европа, и уште еднаш ќе порачам и на овој експертот за делење тендери на браќата, бртучедите, стините и чичковците,  но и на неговите налогодавачи, Македонија ќе ги продолжи проектите со Кина, затоа што тие се за доброто на Македонија, и ние како влада, ќе  продолжиме генерално со проекти кои значат изградба на нова инфраструктура и подобри услови за живот на граѓаните. Ќе го градиме и автопатот Гостивар Кичево и Македонија ќе се развива колку што може со сиот наш напор.
4. Во однос на случајот со Република Израел, освен срамот кој го нанесе Заев на државата и на сите нас, за него лично не говорам, затоа што очигледно овој човек не знае што значи тоа срам, би сакал да го кажам следново. Република Израел има одлични пријателски и партнерски односи со нашата земја, базирани на бројни меѓусебни договори кои меѓусебно како две држави ги имаме потпишано и ние таа соработка ја негуваме и се обидуваме да ја продлабочуваме. Во рамки на таа соработка државата Израел на Македонија и дала огромна помош на различен начин. Еден од тие проекти е и проектот за кој Зоран Заев зборуваше пред некој ден и изнесе лаги и навреди,…. остајте за нас, туку и за нашите пријатели од државните институции од Израел. Без ронка срам човекот кој најави дека кога ќе дошол на влас ќе избркал од работа се од чистацка до министер и ќе си оставел нови од СДСМ,  ги наклевети сите, вклучително и претставниците од министерството за одбрана на Израел кои замислете ги објави со слика, и ги објави нивните лични податоци!!!!!???, срамно и крајно штетно за државата….обвинувајќи не сите за нешто што беше голема помош на Израел кон нас. Значи, Израел донираше 5,7 милиони евра помош за македонската полиција, за македонските специјални сили, а тоа што овој кловн го говореше е класична лага во која веќе и неговите соработници се уверија па мораат да го перат сега на различен начин. Заев издаде државна тајна и објави работи со кои се направи обид да се наштети на македонската полиција и на управата за разузнавање. Од договор и соработка чиста како солза, некој свесно сака да ги саботира односите со нашите пријатели. И утре ваков човек или тие околу него ќе сакаат да водат држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top