| четврток, 6 декември 2018 |

Мили и Цветковска ги презентраа маиците за кампањата „Стоп за насилството врз жените и девојчињата- сега!“

11061328_745031518927565_8594067985890263072_n

Дизајнерите Алмир Мили со својата мини колекција наречена „Титуба“ и Ивана Цветковска со колекцијата „Street style“ ѝ дадоа поддршка на кампањата на Канцеларијата на УНДП во Скопје „Стоп за насилството врз жените и девојчињата- сега!“ кон која се приклучи и Моден викенд Скопје.

Маиците беа презентирани синоќа, на Модниот викенд Скопје кој е во тек и се одржува во катната гаража „Солунски конгрес“ во Скопје.

Покрај Моден викенд кој се приклучи кон кампањата на Канцеларијата на УНДП во Скопје, својата поддршка ја дадоа и Индира Кастратовиќ, Наташа Петровиќ, Милена Антовска, Лабина Митевска, Ана Јовковска и Вера Милошевска кои ќе се појават во ексклузивен едиторијал на 8 април во списанието „Теа Модерна“ кое е медиумски покровител на проектот. Фотографиите од фотосесијата ги направи Марко Марковски.

фото: Ани и Дими

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top