| четврток, 6 декември 2018 |

Папата повика на прекин на прогонот на христијани

Папата Франциск во своето обраќање го поздрави нуклеарниот договор постигнат меѓу Иран и меѓународната заедница минатата недела во Лозана, оценувајќи го како можност светот да се направи побезбеден

_82131532_popefrancis

Папата Франциск денеска повика на прекин на прогонот на христијани во своето обраќање по повод Велигден, оддавајќи почит на студентите убиени во масакрот на исламски екстремисти на универзитетот Гариса во Кенија.

Според долгогодишната традиција, папата по завршување на мисата, од балконот на базиликата Свети Петар на верниците им упати велигденска порака „Урби ет Орби“ во која се осврна на светските проблеми.

Папата Франциск во своето обраќање го поздрави нуклеарниот договор постигнат меѓу Иран и меѓународната заедница минатата недела во Лозана, оценувајќи го како можност светот да се направи побезбеден.

Папата од друга страна изрази длабока загриженост поради крвопролевањето во Либија, Јемен, Сирија, Ирак, Нигерија и други делови на Африка. – Бараме мир за овој свет изложен на трговци со оружје, кои заработуваат на крвта на мажи и жени, истакна папата Франциско.

Пред десетина илјади верници, кои присуствуваа наспорти лошото време, папата ја повика меѓународната заедница да не стои мирно во време на голема хуманитарна трагедија во Сирија и Ирак.

Папата се помоли грмењето на оружје да престане и мирните односи да бидат обновени меѓу разни групи кои живеат во Сирија и Ирак и ја повика меѓународната заедница да реагира на хуманитарната трагедија во овие држави и големиот број бегалци.

Папата Франциск, исто така, го отфрли апсурдното крвопролевање и сите варварски насилни дела во Либија и изрази надеж дека заедничката желба за мир ќе надвладее во Јемен, кој се соочува со граѓанска војна.

Папата нагласи дека млади луѓе, од кои многу цел бидејќи се христијани, се убиени минатата недела на кенискиот универзитет и ирази жалење поради киднапирањата зад кои стојат исламски екстремисти во делови на Африка, вклучително Нигерија.

По завршување на церемонијата дождот престана, а папата со отворен автомобил мина низ плоштадот и се поздрави со насобраните верници.

Околу 1.500 лица се собраа денеска во Ерусалим, околу т.н. Гробница во градината, за да го прослават Велигден, денот во кој христијаните веруваат дека Исус воскреснал откако претходно бил распнат.

Христијаните кои се раководат според Грегоријанскиот календар денеска го одбележуваат Велигден, додека православните христијани, кои го почитуваат Јулијанскиот календар, тоа ќе го прават следната недела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top