| четврток, 6 декември 2018 |

Казна за фудбалерите на Интер, тренинг на Велигден

roberto

Фудбалерите на Интер во рамките од 29 коло во Серија А лигата не успеаја на домашен терен да ја совладаат Парма одигрувајќи само 1-1, тимот кој едвај ја преживува оваа сезона.
По ремито со Парма, тренерот Роберто Манчини одлучи да ги казни фудбалерите со тренинг на Велигден.
Првичниот договор бил денеска на големиот католички верски празник фудбалерите да добијат слободен ден и да го поминат во кругот на семејството, но срамниот резултат против Парма го збесна шефот на стручниот штаб.

– Одговорноста за слабите резултати е само моја. отребна ни е револуција, потребно е да се промени менталитетот на овој тим. Не размислувам за следната сезона, но и во овој шампионат, се до крајот ќе се борам за да внесам позитивни промени во составот – изјави Роберто Манчини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top