| четврток, 6 декември 2018 |

Во март „Алфите“ привеле 221 лице

alfi

Припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа, во текот на минатиот месец, при вршење на редовна мотопатролна дејност легитимирале вкупно 1.428 лица, извршиле преглед на 18 патнички моторни возила, а по разни основи привеле вкупно 221 лице, соопшти МВР.

– Од нив, по основа на телеграма приведени се 38 лица, по потраги, гласник и наредба од Основен суд пет лица, под сомнение за извршено кривично дело 19 лица, 24 по извршено кривично дело, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени 11 лица, за издржување на казна затвор 10 лица, за утврдување на идентитет четири лица и за недозволени предмети приведени се четири лица – соопшти МВР.

Оттаму посочуваат дека поради нарушување на јавниот ред и мир вкупно се приведени 37 лица, за учество во тепачка 12, за физички напад четворица, еден е приведен за омаловажување полициски службеник, поради комар или други игри на среќа приведени се 14 лица, за напад на службено лице еден, додека петмина се приведени за останати прекршоци.

За поседување опојни дроги приведени се 38 лица, од кои за непозната тревкаста материја 30, за прашкаста материја седум и за течност едно лице. Вкупно приведени лица со патничко моторно возило има 27, од нив 24 се приведени по телеграма, двајца за сообраќаен прекршок и еден за сторен царински прекршок. Заради непоседување соодветна документација за товар приведено е едно лице со товарно моторно возило, а за немање соодветна документација две лица со мотоцикл.

Единицата Алфа асистирала при вршење претрес на дом и други простории кај 11 лица, а предала двајца сторители на кривични дела, 24 лица поради нарушен јавен ред и мир, 33 за сторен сообраќаен прекршок, 293 странци со нерегулиран престој, двајца малолетници и шест лица поради останати случаи. Алфите пронајдоа и предадоа и две патнички моторни возила и еден предмет кои потекнуваат од кривично дело, а извршија и две обезбедувања на лице место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top