| четврток, 6 декември 2018 |

Вториот ден на Моден викенд во знакот на млади дизајнери (фотогалерија)

unnamed (14)

Ирина Тошева

Вториот ден од единаесеттото издание на Моден викенд Скопје кое продолжи вчеравечер во катната гаража „Солунски конгрес“ помина во знакот на младите домашни дизајнери и дизајнери од Србија и Косово.

fw2

Модното случување започна со групната ревија на студентите од Факултетот за Арт и Дизајн при ЕУРМ : Даниела Савиќ, Андријана Јованова, Бранкица Тодорова, Саранда Садики, Едора Сулејмани, Есма Казим, Веранда Халили, Радмила Ѓеоргиева, Ана Камчева, Анастасија Чадо, Ивана Костадиноска, Марија Настеска и Ивана Николова. Професорите од ЕУРМ го презентираа проектот „Артерија-Антерија“ составен од изложби, инсталации и перформанс на проф. Јана Манева-Чупоска во кој беа вклучени пејачката Ребека, тв водителките Ирена Спировска и Снежана Богдановска- Јаначковска, кастинг директорката на Моден викенд Скопје Ирина Илиевска и манекенките од модната агенција „Подиум“.

Дизајнерите Алмир Мили со својата мини колекција наречена „Титуба“ и Ивана Цветковска со колекцијата „Street style“ и дадоа поддршка на кампањата „Стоп за насилството врз жените и девојчињата- сега!“ кон која се приклучи и Моден викенд Скопје.

Косовската дизајнерка Флутура Дедиња по втор пат презентираше колекција пред македонската публика. Колекцијата е составена од 15 креации базирани на драпирање и експериментирање со агли од различни димензии, ефекти од ласерско сечење и кожни детали на различни материјали.

Ирина Тошева ја прикажа колекцијата наречена „Енхалон“ за која вели дека е „составена од разиграни принтови и интересни кроеви , мек сензуален памук и сјаен штоф сатен кои ќе ја разбрануваат вашата фантазија“.

Вториот ревијален ден го затвори ревијата на српската дизајнерка Јована Марковиќ која ја претстави колекцијата за есен/зима 2015/2016.

Вечерва се одржува последниот ден на единаесеттото издание на Моден викенд Скопје со ревиите на модните куќи „Менакон“ и „Hera Couture“ ,„ Linea Collection“, ФА-БУ, Дејан Тодоровиќ и Олгица Ѓоригева во соработка со „Прима Данца“. Посетителите ќе можат да ја видат и модната инсталација наречена „Џинсоманија“ на „Фешн Груп Македонија“ во соработка со блогерката Јована Зука и меѓународната фото изложба „Модата и културното наследство“ организирана од Британски совет во Македонија и Британскиот моден совет.

фото: Дими и Ани

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top