| четврток, 6 декември 2018 |

Мозокот на човекот се развива до шест години

mozok

Деведесет отсто од критичниот развој на мозокот на децата се случува до шест години, а најголемиот потенцијал е околу три годишна возраст и затоа за иднината на успехот во училиштето е од суштинско значење да се развива детето од рана возраст.

Ова е дел од студијата на основачите на Чешката асоцијација за активен развој на децата (КАПАРД).
Зад неуспехот на децата во училиштата, највеќе стои недостатокот на активност на мозокот, а тоа е причината и за неуспехот на студентите и возрасните кои се неуспешни во работата и меѓучовечките односи, било заклучено во текот на истражувањето.
 – Со соодветна стимулација на невроните, тие значително се спојуваат и благодарејќи на тоа, мозокот ќе биде активен во текот на целиот живот, наведува Здружението поддржувајќи го ставот дека најголема стимулација има мозокот на децата во предшколска возраст.
Ова Здружение е франшиза на ФасТракКидс, кои се развојните програми за деца од шест месеци до осум години.
Во студијата се тврди дека родителите ја потценуваат важноста на предучилишниот развој и нејзината цел е да се смени начинот на размислување.
Во врска со векот на децата, се вели дека на две години е најдобрата возраст за развој на моториката и емоционалните и социјалните способности.
Обемот на зборови највеќе се развива од 2-6 години, а за учење на втор јазик најдобро време е од раѓање до околу 8 до 10 години.
Во претшколската возраст, меѓу три и шест години највеќе се развиваат математичките и логичките карактеристики на детето, а двегодишната возраст е најдобра за развој на музичкиот талент.
Според овие комплексни истражувања, доколку се пропушти вистинскиот период за развој на детето во некоја област, не е невозможно тоа да се постигне подоцна, но би било потребно повеќе време и постојаност за да се совлада.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top