Времето денеска ќе биде сончево, но посвежо со мала до умерена локална облачност.
Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од четири до 11 степени.
Во Скопје, исто така, ќе биде сончево и ветровито, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува силен ветер, кој не е исклучено да достигне брзина и поголема од 80 километри на час. Температурата во текот на денот се очекува да се искачи до деветтиот степени.
Викендов нѐ очекува стабилно време со пораст на дневната температура, која в недела ќе се искачи до 18. степен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.