| четврток, 6 декември 2018 |

Кенискиот претседател прогласи тридневна жалост

Кенискиот претседател Ухуру Кениата прогласи денеска тридневна национална жалост по нападот кој во четвртокот го изведоа сомалиските терористи од Ал Шабаб на универзитетот во Гариси, при што беа убиени 148 лица.

Шефот на државата изјави дека владата ќе им пружи поддршка на семејствата на жртвите.

– Сите одговорни и соучесници за овој напад ќе бидат изведени пред суд, вети кенискиот претседател.

Во врска со нападот досега се уапсени пет лица, а за три од нив се верува дека биле коориднатори на нападот. Тие биле уапсени кога се обидувале да избегаат во Сомалија. Двајца се уапсени во универзитетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top