| четврток, 6 декември 2018 |

Доушништво не е ниту храброст ниту патриотизам

popovski-Најсреќни се кога ќе создадат поделба и тоа е нивниот успех. Храброст и патриотизам се најчестите теми кои ги користат. Има многу дефиниции и многу различни гледишта што се храброста и што е патриотизмот. Но во едно ќе се согласиме, доушништво не е ниту храброст ниту патриотизам- посочи во обраќањето на народниот собир на ВМРО ДПМНЕ Никола Попоски, шефот на дипломатијата во владата на Никола Груевски.

Тој потсети на мудроста искажана од иконата на македонската борба за слобода, Јане Сандански „Да живееш, значи да се бориш“. Некогаш тоа значело да се соочиш со душманите и да се избориш за парче слободна земја и да се бориш за правата на својот народ.

-Денес тоа значи да се бориш со дела за сите оние кои немаат работа да им се отворат работни места, да се ситуираат што повеќе семејства, да се помогне на самохраните семејства, социјално ранливите групи, да се изгради, да се создаде инфраструктура, автопат…- порача Попоски, потсетувајќи на низа зацртани проекти врз основа на што ВМРО ДПМНЕ ја доби довербата на последните избори.

Нашиот предизвик, повика Попоски пред насобраните, е да не се подлегне на лажниот патриотизам и храброст и да се успее во она што вие ја имате дадено довербата на оваа влада на чело со Никола Груевски.

-Овие луѓе кои се денеска во Тетово се избрани затоа што им се оценети делата и тие дела се тоа што ги доведе на власт. Власта ја црпи својата енергија од народот во Македонија, од вас тука- посочи Попоски од Тетово, од четвртиот народен собир на ВМРО ДПМНЕ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top