Девојчето, чија што фотографија со кренати раце го заобиколи и шокира светот, падна во рацете на терористите на Ал Каеда. Тие го освоија градот Идлиб, каде девојчето пред две недели замина со нејзината мајка со уште три деца се обидела во тоа место да ги сокрие од екстремисти на различни фракции, меѓу кои и од припадници на ИСИС.
Четиригодишната Худеа од Сирија, пред неколку дена стана симбол на страдањата во Сирија, бидејќи нејзината фотографија беше објавена на интернет.
Имено фотографот Осман Сагирли, кон крајот на минатата година во Атмех паркот за бегалци, кој се наоѓа на околу 10 километри од турската граница ја видел Худеа и кога сакал да ја фотографира, девојчето помислило дека фотоапаратот е пушка и веднаш ги кренало рацете во знак на предавство.
-Кога забележав што прави, се замрзнав и ми се насолзија очите – рекол Сагирли.
Според наводите на британски „Дејли меил“ судбината на Худеа не е позната, бидејќи сега е во раце на членови на Нусра фронт, огранок на Ал Каеда.
-Граѓаните на Идлиб ќе се соочат со шериетското право и на тој начин ќе ги сочуваат својата држава и крв – изјавил лидерот на Нусра фронт, Абу Мухамед ел Голани, во тек на упад во градот.
Инаку припадниците на Нусра фронт кои ја киднапирале малата Худеа, спроведуваат екстремни верзии на шериетско право и се познати по бруталност. Нивните методи на казнување опфаќаат монструозни убиства на жените и каменување на мажите до смрт за најмал престап.
Извор: Danas.hr/dailymail.co.uk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.