Триесетгодишна скопјанка и нејзиниот татко се уапсени и изведени пред истражен судија поради сомневање дека измамиле десетина граѓани на кои им продале непостојни станови за што им наплатиле десетици илјади евра, објави „прес 24“.
Таткото и ќерката продавале станови по цени од само 500 евра за метар квадратен, во згради кои тврделе дека ги гради нивната компанија иако, всушност, тие воопшто не граделе згради ниту поседувале станови за продажба.
Измамените уплатувале по 15-30.000 евра на нивната трансакциска сметка, а за тоа не добивале никаков договор за стан. Биле убедувани дека поволните цени се дел од владин проект. Меѓу „жртвите“ имало и познати пејачи и актери.
Од МВР велат дека детали за случајот ќе обелоденат утре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.