Полицијата го утврди и соопшти идентитетот на возачот кој вечерва усмрти девојка на пешачки премин кај Универзална сала. Возачот прво побегнал но потоа сам се пијавил во полициската станица во Ѓорче Петров.
Станува збор за 26-годишниот Љ.В.,кој по ударот избегал од местото на несреќата. Со возило Хонда на пешачки премин удрил и усмртил несреќната девојка. Очевидци велат дека возел премногу брзо и дека воопшто не кочел. Станува збор за 19 годишна студентка од Крива Паланка која што студирала на Електротехничкиот факултет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.