Франција смета дека властите во Киев не ги исполнуваат целосно обврските од Договорот од Минск за решавање на конфликтот во источниот дел на Украина, пишува весникот „Монд“.
– Украинскиот претседател Петро Порошенко не успеа да обезбеди поддршка во Парламентот за закон со кој се гарантира организирање локални избори во областите во источниот дел на Украина и статус на поширока децентрализација. Киев постави услови што не беа предвидени во договорот од Минск, изјавуваат за весникот претставници блиски на францускиот претседател Франсоа Оланд.
Тие нагласуваат дека „доколку Украинците не го сменат однесувањето, рускиот претседател Владимир Путин може да одлучи повторно да започне офанзива, конкретно кон градот Мариупољ, кој се смета за потенцијална цел на проруските сепаратисти“.
Франција, заедно со Германија, е посредник во преговорите во Минск за наоѓање излез од украинската криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.