Благој Мицовски, досегашниот уметнички директор на НУ Народен театар – Битола е именуван за в.д. директор на оваа национална установа.
-Одлуката е донесена по истекот на мојот мандат, а процедурата за избор на нов директор е во тек – потврди Валентин Светозарев, сценограф и досегашен прв човек на театарот во Битола.
– Во тек е реизборот на функцијата директор на НУ Народен театар – Битола, а во меѓувреме вршител на должноста директор ја врши Благој Мицевски. Ние продолжуваме со тековните активности, во моментов ја инсталираме најновата пратка со техничка опрема што ја добивме од министерството за култура. Станува збор за поголема количина звучници, миксети, микрофони и друга техника, но и сценска опрема, која секогаш е потребна за нашите претстави – истакна Светозарев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.