| четврток, 6 декември 2018 |

Три концерти викендов на ДММ

Викендов на програмата на манифестацијата „Денови на македонска музика“ се три концерти. В сабота (4.4.2015) во Музеј на град Скопје, со почеток во 18.00 часот, концерт ќе одржи Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригенство на Рамадан Шукри. На  програмата се дела од Стојан Стојков, Љубомир БранѓолицаСтојче ТошевскиТодор Трајчевски и Филип Иванов,.

Истиот ден со почеток во 20.00 часот  Концерт ќе одржи Дувачкото трио „Авентуре“ од Германија. На програмата се дела од композиторите Габриел Маланциоиу, Макс Келер, Михаел Куел и од македонските автори Симона Симуноска, Вања Николовски-Ѓумар и Томислав Зографски.

В недела во Музеј на град Скопје со почеток во 20.00 часот концерт ќе одржи Камерниот оркестар на Битола под диригентство на Жолт Наѓ од Унгарија. Како солисти ќе настапат пијанистката Ана Гацева и саксофонистот Нинослав Димов. Ансамблот ќе изведе премиери на пет македонски дела на автори од помладата генерација: Михаило Трандафиловски, Александар Пејовски, Сони Петровски, Дамјан Темков и Никола Крстевски, кои беа наградени на последниот Конкурс за нарачка на нови музички дела.

Влезот е слободен за сите концерти.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top