| четврток, 6 декември 2018 |

Германската полиција без доволно вработени за проверка на пасошите

шенген

Вториот човек на германскиот полициски синдикат денеска изјави дека во земјата нема доволно полицајци за проверка на патниците со пасоши од земјите на шенген-зоната, јави дописникот на МИА од Берлин.

Реакцијата на синдикатот доаѓа по информациите дека министерот за внатрешни работи, Томас де Маизер, ја разгледува можноста да се вратат проверките на идентитетот за земјите од шенген-зоната откако по несреќата на „Џерманвингс“ не било јасно колку луѓе биле во авионот.

Заменик-претседателот на германскиот синдикат Свен Хаубер ја отфрли идејата на министерот затоа што, според анализите, полицијата нема доволно луѓе за постојана проверка на сите авиопатници од шенген зоната. На германската федерална полиција ѝ недостасуваат околу 3000 полициајци и без екстраконтролите за летовите од шенген земјите, а во 2016 година владата планира да вработи само 500 гранични полицајци на аеродромите.

Според германскиот полициски синдикат, авиопревозниците се тие што треба да водат за идентитетот на патници и да ги гарантираат тие податоци на властите. „Доколку превозниците не можат да бидат сигурно кои се луѓето што ги превезуваат тогаш тие не смеат да дозволат нивно качување на авион“ вели во изјавата Хаубер.

Покрај останатите 22 земји-членки на шенген-зоната, дел од неа се и Лихтенштајн, Исланд, Швајцарија и Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top