Пет лица загинаа во пад на хеликоптер врз куќа во бразилскиот град Сао Пауло. Според локалните медиуми во несреќата загинале пет лица, меѓу кои пилотот и тројца механичари. Според најновите информации, хеликоптерот го управувал Томас Алкмин, син на градоначалникот на Сао Пауло, Гералдо Алкмин.
По падот на авионот евакуирано е локалното население. Објектот врз кој паднал хеликоптерот бил во процес на санација и, најверојатно, во него немало луѓе.
Полицијата ги истражува причините за падот на леталото, а засега е познато дека хеликоптерот бил на тест лет по поправка.
Несреќата се случила вчера околу 17 часот по локално време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.