Ким Јонг-Ун нареди формирање нова „единица на задоволствата“, група жени чија единствена цел ќе биде севернокорејскиот лидер да го направат среќен.
Ким (32) наводно веќе прави список на новата генерации жени кои ќе го прават среќен, објави Б92.
И покрај тоа што е оженет со поранешна пејачка со која има и ќерка, диктаторот продолжува по патот на таткото Ким Јонг-Ил кој, исто така, имал свој харем, расформиран по неговата смрт во декември 2011 година.
Сепак, бидејќи е завршен традиционалниот тригодишен период на жалост, Ким сака да направи своја единица.
„Трупите на задоволството“ првпат ги формираше неговиот дедо, „Вечниот претседател“, Ким Ил-Сунг.
Специјалните селектори од владата бараат во сите делови на Северна Кореја најатрактивни девојки кои ќе станат слугинки, пејачки и танчарки во служба на лидерот.
Од најубавите се очекува да станат конкубини, а веднаш по влегувањето во „доцните 20 години“, наводно ќе бидат испратени на високи воени и владини функционери.
– Ова се случува од кога династијата Ким владее со Северна Кореја и стана традиција. Исто така, тоа е демонстрација на моќ на владарот над народот и неговата сексуална моќ – објасни Тошимиц Шигемур, професор на Универзитетот „Васеда“ во Токио.
Јужнокорејскиот весник Чосун Илбо тврди дека жените добиваат како надомест околу четири илјади долари, што е огромна плата за севернокорејски услови, како и разни домашни апарати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Двојниците на Трамп и Ким Јонг Ун ги шокираа минувачите во Сингапур (видео)
-
Што се крчка на исток: Кина одби да потврди дали Ким Јонг Ун допатува во Пекинг (видео)
-
Ким Јонг Ун: Американската територија е во опсегот на нашето нуклеарно вооружување, а копчето за негово активирање е секогаш на мојата маса
-
Последната вечера на генералот: Ким го погуби најмоќниот човек во државата