Втората црна кутија на авионот „ербасот А320“ на „Џерманвингс“, кој се урна во француските Алпи пред десетина дена потврди дека копилотот Андреас Лубиц намерно го уништил авионот, со што ја предзивикал својата и смртта на сите 149 патници и членови на екипажот, јавува дописникот на МИА од Париз.
Ова е потврдено од Бирото за истраги и анализи за безбедност во Цивилната авијација (БЕА).
„Првото читање на податоците на црнтата кутија (на која беа снимени параметрите на летот) покажува дека пилотот кој се наоѓаше во пилотската кабина го искористил автомасткиот пилот за да го наведе авионот да се спушти на само 100 фита, односно само 30 метри височина, притоа на повеќе пати при спуштањето на авионот, пилотот ја променил бризната на спуштање на автомсткиот пилот за да го забрза спуштањето на авионот“ – назначи БЕА.
Втората црна кутија беше пронајдена вчера во еден од доловите на местото каде што се урна авионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.