На Стража е укината забраната за тешки товарни возила, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. На Стража и на патниот правец Маврово – Дебар беше воведена забрана за тешки товарни возила поради обилни врнежи од снег.
Забраните беа воведени утрово поради обилни врнежи од снег на планинскиот превој, но со зголемување на температурите во текот на дент, снегот од коловозот се стопил. Во останатите делови од Македонија, сообраќајот се одвива нормално, по делумно влажни коловози. Се препорачува вмнимателно возење во клисурите и на превоите, каде има опасност од одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.