Министерството за здравство информира дека во текот на вчерашниот ден со лабораториски наод во Институтот за јавно здравје се потврдени три нови случаи на лица заболени од туларемија.
Заболените по извршените прегледи се пуштени на домашно лекување. Кај трите лица утврдено е дека инфекцијата настанала пред неколку недели.
Трите лица се од подрачјето на Скопје, од кои едно од општина Чаир, а две лица од општина Арачиново, и сите припаѓаат на возрасната група од 19 до 37 години.
Инаку, досега се регистрирани вкупно 28 лица заболени од туларемија, меѓу кои во општина Арачиново – 9 случаи, општина Лозово – 12 случаи, општина Чаир – 1 случај, општина Кисела Вода – 1 случај, општина Свети Николе – 2 случаи, општина Куманово – 3 случаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.