| четврток, 6 декември 2018 |

Жител на Пласница цела ноќ тепал и силувал малолетничка

силување

-Пријавениот на 31.3.2015 година, со измама и употреба на физичка сила однел малолетничка  во Пласница и во периодот од 23 часот на 31 до утринските часови следниот ден, со употреба на сила и на закана, без согласност на оштетената извршил полов напад и физичко насилство врз неа. Откако го извршил делото, најверојатно свесен за тоа што го направил, со возило ја вратил малолетничката до Македонски Брод и ја оставил на патот – информираат од полицијата.

Силувачот бил веднаш приведен и со него е извршен разговор.  Од страна на судија на претходна постапка одреден му е притвор во времетраење од 30 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top