| четврток, 6 декември 2018 |

„Брзи и бесни 7“ ги расплака скопјани

sinepleks-brzi-i-besni-12

Премиерата на седмото продолжение на „Брзи и бесни“во Скопје, еден ден пред светската, синоќа го преполни киното „Синеплекс“. Скопјани беа нестпрливи да го видат последниот филм на актерот Пол Вокер, кој загина во тешката сообраќајна незгода во ноември 2013 година, токму среде снимањето на продолжението.

sinepleks-brzi-i-besni-14

Тогаш филмот беше снимен само до половина, но процесот успешно се комплетира со користење комбинација на снимки од Вокер од претходните филмови, и снимање на новите сцени со замени, меѓу кои се и двајцата браќа на Вокер, Калеб и Коди.

Филмот изобилуваше со специјални ефекти, на кои работеше и македонското студио за анимација и постпродукција ФХ3Х како дел од екипата на „МПЦ Бунгалоре“ (MPC Bungalore).

sinepleks-brzi-i-besni-5

Кристијан Даниловски, еден од сопствениците на ФХ3Х вели дека токму во контекст на визуелните ефекти, предизвиците биле поголеми од претходните делови.

Кадрите што ги добивме беа особено тешки и претставуваа поголем предизвик. Зошто е тоа така ќе видите во самиот филм. Велат, добрите ефекти се најдобри кога не се забележуваат. Проценете сами – вели Даниловски.

sinepleks-brzi-i-besni-11

Дејството на филмот продолжува една година откако екипата на Дом (Вин Дизел) и на Брајан (Пол Вокер) се враќаат во Америка со помилување за нивните прекршоци. Ги гледаме како се приспособуваат кон животот, овој пат од вистинската страна од законот, но нивниот живот добива некоја нереална димензија.

Филмот е уживање за љубителите на акцијата, иако на моменти до толку нереалните сцени истовремено ве зачудуваат и ве засмејуваат.

pol_voker

Екипата го посветува овој филм на Вокер, со крај кој никого не остава рамнодушен, па ни посетителите на „Синеплекс“.

Пол ми беше како брат. Врските меѓу Брзи и бесни фамилијата беа длабоки и значајни, и нашите карактери ќе направеа сѐ за другиот. Поддршката и чувството за фамилија постои во филмот и се прелева надвор од платното, заедно со нас. Со овој филм, на целиот свет му овозможуваме да се чувствува како дел од нашата фамилија – изјави неговиот колега и близок пријател Вин Дизел. 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top