Максим Стојановски, роден во 2012 година, има проблеми со видот. По долгите испитувања е констатирано дека во Македонија нема решение за лекување на неговиот проблем.
Единствена можност тој да почне да гледа е оперативен зафат (вшприцување аломпланти), кој се изведува во странство, на секои шест месеци, до постигнување на очекуваниот резултат, но за лекувањето се потребни околу 30.000 евра, кои семејството на Максим не се во можност да ги обезбедат.
Сите хумани граѓани кои се во можност да му помогнат на Максим можат тоа да го направат преку донирање средства на жиро-сметката
Максим Стојановски
ЕМБГ 1511012450131
НЛБ Тутунска банка АД Скопје
жиро с-ка бр.: 210 7000006132 73
цел на дознака: донација за лекување во странство
Исто така, може да се донираат 100 денари со повик преку мобилните оператори на следните телефони 070/143-133 T-Мобиле,075/143-171 Oне и 077/143-110 Вип.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.