Две жени од Њујорк се уапсени под сомнение дека се обидувале да направат бомби во домашни услови, соопшти њујоршката полиција потенцирајќи дека јавноста во ниту еден момент не била во опасност.
Постојат докази дека двете жени ја следеле пропагандата на Исламската држава на интернет, соопшти тамошната полиција.
Во обвинението е наведено дека станува збор за американските државјанки Ноел Веленсас (28) и Асија Сидки (31).
Сидики поседувала повеќе шишиња со пропан, како и упатство како од нив да направи експлозив, се наведува во обвинението. Тие, исто така, гледале видеоснимки од отсекување глави на заложници извршени од припадници на ИСИС.
Жените биле следени од 2013 година од страна на таен агент на ФБИ. Тие за тој период повеќе пати изразиле поддршка на насилниот џихад. Сидики имала повеќе пати контакти со членови на терористичката организација Ал Каеда на Арапскиот Полуостров на кои им ја нудела нивната помош, се наведува во обвинението.
Сидики во 2009 година дури напишала и песна за Ал Каеда, во која ги повикува читателите да се приклучат на џихад.
Девојките се соочуваат со казна од доживотен затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Жена со нож нападна деца во градинка во Њујорк
-
Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски куратори од Македонија за изложбата „Towards a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“ во Њујорк
-
ИСИС се закани со масовни напади на СП во Русија (видео)
-
Испратил електорнска порака и потоа се самозапали во Њујорк