Земјотрес со интензитет од 4 степени според Европската макросеизмичка вечерва во 20:37 часот го стресе југот на Македонија.
Како што јавуваат локалните сеизмолошки станици, епицентарот бил на 35 километри југозападно од Гевгелија, на територијата на соседна Грција.
Земјотресот го почувствувале жителите во јужниот дел на Македонија.
Се уште нема официјална потврда од македонската сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.