Катрин Голдбах, девојката на копилотот на „Германвингс“ Андреас Лубиц, не смее да се врати во родниот град бидејќи се плаши од осуда од јавноста.
Голдбах, која е бремена од Лубуц, предавала во германскиот град Мондабур, каде што пораснал Лубиц.
Во меѓувреме било откриено дека Лубиц ја одвел на одмор и за двајцата купил по еден автомобил од марката „Ауди“ само неколку дена пред да го урне авионот во француските Алпи, при што загинале 150 патници и членови на екипажот. Еден пријател на нејзиниот брат, кој, исто така, се вика Андреас, вели дека Голдбах минува низ тежок период.
– Таа нема никаква врска со тоа што се случило, но чувствува притисок од омразата од сиот свет. Многу ѝ е тешко да се врати кај своето семејство – рекол тој.
Наводно таа знаела дека Лубиц страда од депресија, но се надевала дека тоа ќе се промени.
– Не покажувал никакви самоубиствени знаци пред несреќата – изјавил еден од вештаците што разговарал со неа.
Наводно, таа го оставила токму пред кобниот лет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



