Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, д-р Васил Тупурковски го доби престжижното признание од Интернационалниот олимписки комитет, трофејот „Пјер де Кубертен“.
Наградата му ја врачи претседателот на Европските олимписки комитети и потпретседател на Меѓународниот олимписки комитет, Патрик Хики.
Овој трофеј се доделува само на истакнати лица од олимпиското движење, кои имаат значаен придонес за развојот на олимпизмот и спортот на глобално ниво.
Претседателот на Европските олимписки комитети, Хики, присуствуваше и на состанокот на Управниот одбор на МОК, како и на отворањето на манифестацијата „Меѓународен ден на спортот“. Потоа ги посети и олимписките борачки школи, проект на Македонскиот олимписки комитет, Меѓународниот олимписки комитет, Федерацијата на борачки спортови на Македонија и на обединетото светско борење, порано познато како ФИЛА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



