Турските судски власти почнаа истрага против четири весници обвинети за „терористичка пропаганда“. Тие се обвинети заради објавување фотографии од турскиот обвинител за време на заложничката криза во вторникот која заврши со смрт на обвинителот и двајцата напаѓачи.
Истанбулското Обвинителство покрена процес против Хуриет, Џумхуриет, Поста и Бугјун за тоа дека објавиле фотографија на обвинителот Мехмет Селим Кираз на кој еден од двајцата киднапери му ставил пиштол до слепоочницата.
Фотографијата била објавена откако Кираз бил веќе заложник од активисти на Револуционерната партија и фронт за народно ослободување, кои презедоа одговорност за акцијата.
За време на заложничката криза Високиот совет за радио и телевизија во Турција забрани медиумите да пренесуваат во живо од местото на инцидентот. Премиерот Ахмет Давутоглу изјави дека тој лично забранил медиумите кои објавиле фотографија од обвинителот да известуваат од погребот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


