| четврток, 6 декември 2018 |

Математичка задача што пресметува колку години имате

 задача

 На социјалните мрежи се појави интересна математичка задача, која изненади и збуни многумина.

Имено, станува збор за формула во која со едноставни математички операции можете да пресметате колку години имате, но и да го добиете бројот што сте го замилиле.

Задачата е следна:

1. Избрете кој било број од 1 до 10;

2. Избраниот број помножете го со 2;

3. На резултатот додадете 5;

4. Добиениот збир помножете го со 50;

5. Доколку годинава веќе сте го прославиле роденднеот, на добиениот број додајте 1.765, а ако роденденот допрва ви претстои додадете 1764;

6. Од добиениот број одземете ја годината на вашето раѓање.

Доколку точно сте ги извршиле сите операции првата цифра на добиениот резулат ќе биде бројот што сте го избрале, а останатите цифри бројот на вашите години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top