| четврток, 6 декември 2018 |

Колку сте постари толку е подобар сексот

Логично би било да се помисли дека жените во 20-тите години имаат најдобар секс, но ново истражување покажа дека тоа е далеку од вистината. Имено, поверојатно е дека жените колку што се постари, толку сескот им станува подобар.

Новата студија покажала дека најдобар секс имаат жените коои имаат над 36 години. Истражувањето е спроведено врз повеќе од 2600 жени кои одговарале на прашања поврзани со нивниот оргазам, чувството на привлечност и за тоа колку уживаат во сексот. Потоа, биле поделени на три групи според годините, млади, до 23 години, средни години до 35 години, и постари, со повеќе од 36 години.

Последната група „победила“ и по бројот и по квалитетот на доживеани оргазми, дури шест од 10 жени рекле дека имаат уживаат повеќе и подобро, за разлика од само 5 од 10 жени во другите две групи.

mature

Постарите дами имаат и подобар секс, па дури 86 проценти од нив одговориле дека имаат одличен секс во последните четири недели. Истиот одговор го дале и 76 проценти од средната и само 56 проценти од најмладата група.

Повозрасните госпоѓи подобро се чувствувале во својата кожа, па дури 8 од 10 рекле дека се чувствуваат секси, наспроти 4 од 10 од средната група кои се чувствувале привлечно, а седум од 10 помлади од 23 години се задоволни со својот изглед.

Последната група победила и по бројот на доживеани и квалитетни оргазми, дури 6 од 10 од нив рекле дека имаат повеќе оргазми кои се воедно и подобри, за разлика од само 5 проценти од другите две групи.

-Резултатите на анкетата испраќаат порака до жените, во која стои дека колку се постари и колку подобро го познаваат своето тело, можат повеќе да уживаат во сексот и да се чувствуваат посамоуверени- порачува екипата која го спроведе истражувањето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top