| четврток, 6 декември 2018 |

До крајот на сезоната билетите во Театар Комедија ќе чинат по 100 денари

teatar komedija

До крајот на театарската сезона, билетите во Театар Комедија ќе чинат по 100 денари, соопштија од театарот.

– Акцијата, која Театар Комедија ја воведе во март „Грст насмевски = 100 денари“ се покажа како повеќе од успешна. Капацитетот на гледалиштето, кое е 330 седишта, беше целосно исполнет на сите 17 претстави што беа на репертоарот во март, што значи дека во тековниот месец 5.500 луѓе го посетиле Театар Комедија. Следејќи го импулсот и желбите на публиката, акцијата „Грст насмевки = 100 денари“ да продолжи до крајот на театарската сезона – пишува во соопштението од Театар Комедија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top