Наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитанска книга ја доделуваат Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО годинава и се додели на поетесата Паула Бозалонго од Шпанија. Во изминатите години ова признание се избори за високо место меѓу поетските награди на светско ниво и стана една од најпосакуваните награди на поетите – дебитанти, која широко им ги отвора понатамошните патишта на творечка афирмација. Тоа го покажа и годинашниот интерес за неа и на адреса на СВП пристигнаа 14 книги. УО и дирекцијата на СВП констаираа дека сите се исклучително вредни и заслужуваат посебно внимание. Од пристигнатите книги посебно се издвои книгата „Декември и се бакнавме“ од Паула Бозалонго, поет од Шпанија.
-Песните на Паула Бозалонго изненадуваат со својата конкретност и посредност, таа користи еден свеж, комуникативен поетски јазик кој лсно воспоставува контакт и со публиката и со критиката и не случајно нејазината прва книга е во врвтот на листите на најпродавана книга во Шпанија. Низ загуснат емоциопнален интензитет го транспонира својот интимен свет низ конкретни и јасни слики. Оваа награда ќе и биде поттк за распространување на поетские вредности на нејзиното зрело поетско писмо, рече претседателот на Управниот одбор, Славе Ѓорго Димоски.

Добитничката наградата „Мостови на Струга“ за дебитантска книга од млад светски автор, која ја доделуваат УНЕСКО и СВП, Паула Бозалонго е родена на 15 април 1991 година во Гранада, Шпанија. Студира архитектура во Мадрид. За нејзината книга „Декември и се бакнавме“ е добитник на престижната награда на едицијата „Хиперион“ во Шпанија, која веќе 30 години се доделува за поетски ракопис од млад автор. Нејзините песни се објавени во значајни книжеви списанија, не само во нејзината родна земја, туку и во други земји во светот.

-Нејзината дебитантска книга „Декември и се бакнавме“ низ 26-те песни поделени во два дела донесува еден поетски јазик од кој зрачи еден особен сензибилитет, необременет од некаква вратоломна реторика, екпериментален или метафоричен израз.Тоа е поезија која носи рефлексии на извесни несигурности и стравови, неодлучности во потрагата по блискост. Тоа ни најмалку не е некаква старомодна сентименталност, туку одухотворен израз на интимноста кој носи искреност изразена на еден особен начин, полна со евокативни слики натопени дури и со влијанијата на архитектурата. Лирскиот субјект одразува еден интимен лирски темперамент низ елегантните и смели измени на поетските слики, низ еден елегичен тоналитет во кој се случуваат нивните постојани преобразби. Спокојниот тон на оваа саморефлексивна лирика одеднаш го нарушуваат контрапунктни слики кои понекогаш донесуваат спротивственост и зачудност, и делуваат како емотивна каденца во текот на песната. Ваквото поетско обликување и овозможува на младата поетеса да ги впрегне во песната сите реминисценции, алузии, емотивни изблици, сеќавањата, сомежите и стравовите низ вештите измени со приказната и исповедноста и да создаде исклучително сугестивна лирика која го предизвикува читателот со постојаното нарушување на таквиот доверлив тон преку постојаните јукстапозиции на сликите, вели Директорот на манифестацијата Мите Стефовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


