Детската градинка „Пиколини“ по повод светскиот ден на детската литература додели пакет детски книги, лектири, боенки и бајки на дечињата од СОС Детско село Македонија.
Собраната донација е резултат на заедничката иницијатива на родителите и на нивните дечиња, како и на вработените и менаџментот во градинката, кои со заеднички напори успеаа да соберат цел пакет книги.
-Како институција што се грижи за најмалите, секогаш се трудиме на нашите дечиња да им воспоставиме здрав систем на вредности, кој се темели на еднаквост и на поддрршка на различни сегменти во заедницата. Се надевам дека нема да запреме тука и нашата соработка ќе продолжи – вели Марина Сивакова Тасков, генерална директорка на „Пиколини“.
Градинката и понатаму ќе продолжи со активности во насока на поддршка и помош на тие на кои им е најпотребно, со посебен фокус на децата и на младите луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.