Безживотното тело на 28-годишниот Роберт К. од Пробиштип, кој привремено престојувал во Скопје, било пронајдено вчера во куќа во Драчево.
Телото го пронашол 46-годишниот Б.В., кај кого неофицијално Роберт работел.
Од МВР информираат дека од страна на доктор е констатирана смрт и по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.
Според неофицијалните информации на телото не се забележани траги на насилство, а причините за смртта ќе бидат познати по завршување на обдукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.