| четврток, 6 декември 2018 |

Во куќа во Рашче пронајдена поголема количина оружје

oruzje

Полицијата денеска при претрес на домот на Б.К. (46) од скопското село Рашче, под сомнение дека е сторител на повеќе кривични дела, пронајде поголема количина оружје.

При претресот се пронајдени и одземени една автоматска пушка непозната марка, три празни рамки за автоматска пушка, еден кундак, два автоматски пиштола марка „шкорпион“, две мали празни рамки, една голема рамка со 14 куршуми, една голема рамка за пиштол „шкорпион“ со 11 куршуми калибар 7,65 мм. Одемени се и еден пиштол марка „том фолион“ калибар 9 мм и 11 куршуми со рамка, еден револвер марка „амадео росиса“, 32 куршуми калибар 9х99 мм, 19 куршуми калибар 38 „специјал“, два сигнални пиштола, една воздушна пушка, како и 17 пакувања со прашкаста материја (најверојатно кокаин), уште две со непозната прашкаста материја, една дигитална вага, три скутери и еден моторцикл за кој се претпоставува дека постои основи на сомнение дека е предмет на кривично дело „фалсификување на исправа“.

Б.К. е регистриран во крим-евиденцијата на СВР – Скопје поради сторени кривични дела: „грабнување“, „фалсификување исправа“, „тешка кражба“, „недозволено извработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ за кои му се изрекувани и затворски казни.

По целосно расчистување на случајот за Б.К. ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top