Поранешниот грчки премиер и лидер на главната опозициска партија Нова демократија Андонис Самарас изрази подготвеност да ја поддржи владата на национално единство, со цел Грција да остане во еврозоната, пишува весникот „Имерисија“.
Во интервју за „Блумберг“ Самарас изразил подготвеност да учествува во таква влада, ако отстапките барани од кредиторите на Грција за нејзино финансирање, предизвикаат пад на сегашната владејачка коалиција, предводена од премиерот Алексис Ципрас.
Ако планот е Грција да остане во еврозоната, ние ќе даде поддршка, изјави опозицискиот лидер, додавајќи дека евентуален излез од монетарната унија ќе значи целосна катастрофа за Грција.
Според Самарас, еврозоната е единствениот прифатлив пат за економијата на Грција.
– Пазарот се задушува од несигурноста – истакна Самарас, нагласувајќи дека Ципрас треба да ги прекине драмите, додавајќи дека гледа само зборови, многу теорија, многу лаги и никакви акции.
Самарас истакна дека грчката влада треба да го исполни списокот со обврски преземени во рамките на договорот од 20 февруари за продолжување на спасувачката програма на земјата.
– Ако тие чисто идеолошки решат да не го почитуваат договорот, тогаш може да дојде до банкрот – истакна Самарас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција